УЈП: Да се платат заостанатите долгови за радиодифузна такса

Граѓаните да ги платат заостанатите долгови за радиодифузна такса, апелираат денес од Управата за јавни приходи. Од УЈП денес по пат на писмено соопштение апелираат граѓаните и фирмите да ги платат заостанатите долгови за да не се соочат со присилна наплата.

Граѓаните да ги платат заостанатите долгови за радиодифузна такса

Апелираме граѓаните и фирмите кои имаат заостанати долгови за радиодифузна такса, да извршат плаќање на оваа јавна давачка во најкусо време, бидејќи  Управата за јавни приходи ќе отпочне постапки за присилна наплата со блокирање на трансакциските сметки со што обврзниците би се изложиле на дополнителни трошоци, велат од УЈП.

Граѓаните да ги платат заостанатите долгови за радиодифузна такса
Граѓаните да ги платат заостанатите долгови за радиодифузна такса

Инаку, граѓаните пред да ги платат заостанатите долгови за радиодифузна такса, состојбата на долговите може да ја проверат во Решението, кое Управата го доставува до обврзникот секој месец. Дополнително проверка може да се врши и преку интернет, преку бесплатната електронска услуга е-Радиодифузна такса.

Електронско плаќање на радиодифузната такса

Исто така, граѓаните, освен во банка, можат да ги користат новите услуги на УЈП за електронско плаќање на радиодифузната такса со безготовинска картичка Visa, Maestro и MasterCard безготовинска картичка издадена од домашна банка.

Од Ујп, посочуваат дека постапката за регистрација за електронско плаќање и проверка на состојбите за радиодифузната такса преку https://etax.ujp.gov.mk е бесплатна за граѓаните и не е потребен дигитален сертификат.

 

Кои се најголемите должници кон УЈП погледнете на следниот линк.