Долговите на земјите од евро зоната се’ уште над лимитот

Нивото на јавниот долг во земјите од евро зоната е намален во третиот квартал прв пат од 2007-ма година, но и понатаму е над лимитот на ЕУ.

Вкупниот долг на 17-те земји кои тогаш ја сочинуваат евро зоната изнесувал 92,7 отсто од нивниот бруто домашен производ (БДП), во однос на 93,4 отсто од претходното тримесечје, наведува Европскиот завод за статистика.

Лимитот на јавниот долг на ЕУ изнесува 60 отсто од вредноста на БДП, но многу членки на Унијата ја надминале, посебно кога земјите се задолжувале за да финансираат економски стимулации или пополнување на буџетските дупки во текот на должничката криза.

Земјите со најголем јавен долг на крајот на минатогодишниот трет квартал се Грција со 171,8 отсто, Италија со 132,9 отсто, Португалија со 128,7 отсто и Ирска со 124,8 отсто.