Доли Партон донира милион за развој на вакцината против корона

Иконата за американската кантри музика, Доли Партон изјави дека се чувствува „многу почестена и горда“ што донирала пари за истражување на една од најперспективните вакцини против ковид-19, кандидатот на Модерна, пишува Би-Би-Си.

Вчера таа изјави за The One Show, што се емитува на Би-Би-Си, дека била „многу возбудена“ кога ги слушнала вестите.

„Сигурна сум дека има многу други кои можеа да донираат милиони долари и се чувствував толку горда што сум дел од заедницата чии средства ќе придонесат за заздравување на светот“, им рече таа на водителите на емисијата.

Донацијата на 74-годишната музичарка во Вандербилт финансирала истражување за обновувачка плазма, како и развој на неколку истражувачки трудови поврзани со коронавирусот.

Таа одлучила да ги донира парите за истражувањето откако нејзиниот пријател, др. Наџи Абумрад од Институтот за инфективни болести, имунологија и воспалителни болести на Универзитетот Вандербилт во Тенеси, рекол дека неговите колеги научници направиле голем напредок во наоѓањето лек за коронавирусот.

Абумрад и Партон станале пријатели во 2014 година кога пејачката доживеала сообраќајна несреќа од која се опоравувала во медицинскиот центар Вандербилт.