Долно Лисиче доби атмосферска канализација

Од Општина Аеродром информираат дека Долно Лисиче ја доби првата атмосферска канализација во должина од 1.800 метри која минува на улиците „1„ и „20“.

Оттаму велат дека таа е од витално значење за жителите од овој дел на Општина Аеродром, затоа што овозможува собирање и одведување на атмосферските води во реката Вардар.

Останува уште да се санираат прекопите од изградбата на атмосферската канализација на истата улица, што се очекува да почне наредниве денови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.