Долу рацете од Македонија!

Бугарите како многу пати до сега во однос на Македонија, ја ставале тавата на шпоретот кога рибата била во морето. Но, не мора да бидеме слепи и глуви за странските служби и диверзанти кои крстарат низ Македонија.

Чадор на тие терористи е нелигитимното Јавно обвинителство, кое за цел има само да спроведе ТЕРОР ВРЗ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И НЕГОВИТЕ ЛИДЕРИ.

Ете зошто сите предмети отворени од СЈО почнуваат со Т, т.е. ТЕРОР. Затоа, не е потребна само победа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите. И до сега имаше многу победи, но за разлика од економијата и културата, прашањата поврзани со македонскиот суверенитет беа ставани под тепих. Затоа е потребна победа на личностите над полтроните, на дејствените над лажнатите патриоти.

Во Собранието мора да влезат пратеници за кои македонското име и идентитет, интересите на македонскиот народ и држава се над се’. Такви кои ќе го избркаат секој странец кој ќе почне да им зборува за „вашата земја“, кои ќе гласат закони само во корист на граѓаните.

По изборите на Македонија и’ е потребна Влада, која ќе ги отфрли уцените од страна на ЕУ. Оттаму и од САД нема да ги признаат изборите уште повеќе ако албанските партии не учествуваат или ќе побараат учество на опозицијата во Владата. Таков обид за притисок и уцена мора да биде цврсто отфрлен.

Самостојна Македонија нема потреба од наставници.

На евентуални економски санкции мора да одговориме на сличен начин – немаме потреба од западноевропски производи, притоа со низок квалитет со кои е преплавен нашиот пазар. Ако не сакаме Македонија да биде објект на надворешна агресија мора да се прекине главниот источник на таа агресија.

Многу години ние ја олеснуваме надворешната и ја активираме внатрешна агресија преку ИЛУЗИЈАТА ЕВРОПСКА УНИЈА. Таа илузија скапо не чини, затоа што дава можност на Брисел и на САД /овој пат преку илузијата НАТО/ да не третира како освоена територија и да господари со нас. Ако ги прекинеме двете илузии, тогаш странското мешање во македонската политика, за цел свет ќе биде ОТВОРЕНА АГРЕСИЈА, А НЕ ПОМОШ како што сега лажно се претставува.

Со додворувачката и контраверзна политика која ја водиме досега, ние сами ги каниме волците во трлото. Ако ги одбиеме ЕУ и НАТО, тогаш слободно можеме да расчистиме и со соросоидите и да отсечеме финансиски потоци кон антидржавните организации во државата.

Македонските проблеми во целата историја доаѓале од недостиг на јасна дистинкција меѓу нашето и туѓото, меѓу нашиот и туѓиот интерес. Се плашиме од едноставноста, се плашиме да подвлечеме црвени линии, од кои нема да попуштаме. Ги користиме и јазикот и дејствијата на Езоп, наместо да го пресечеме јазолот како некогаш Александар Македонски. Така повеќе неможе. Затоа на изборите мора да го извлечеме најдоброто од себе за личности, кои во улогата на лидери ќе го водат македонскиот народ кон победа.