ДОМ: Веднаш да почне уривањето на дивоградбите во Охридскиот регион

ДОМ остро го осудува самоволието и продолжувањето на градежни активности на нелегалниот објект на кој при интервенцијата на општинската градежна инспекција беа уапсени градежни работници.

„Бараме од локалните власти да се санкционираат прекршителите на законите и мораториумот за градба изгласан од Советите на општините Охрид и Струга и веднаш да се започне со најавената акција за отстранување на нелегалните градби. Граѓаните со нетрпение очекуваат да се спроведат препораките на УНЕСКО и да се обезбеди зачувување на нашето единствено светско природно и културно наследство. За крајот на овој месец, веќе е најавена и мисија на експерти на УНЕСКО. Дрското непочитување на законите од страна на поединци фрла сенка на сите претходни вложени напори, како што се довршувањето на инвентарот на нелегални градби, спроведените подготвителни активности за уривање на нелегалните објекти во заштитените подрачја, финализирањето на Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион и спроведувањето на Стратегиска оцена на животната средина од овој План“, се вели во соопштението на ДОМ.