Домашен путер од кикирики

Доамшен путер од кикирики можете да направите со помош на блендер и неколку состојки.

СОСТОЈКИ:

  • 400 гр кикирики
  • прстофат сол
  • 1 лажица масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. За путерот можете да користите кикирики кои најмногу ги сакате – печени, солени, несолени или мешани.
  2. Состојките едноставно измешајте ги во бледнер додека не добиете глатка смеса. За тоа ви се потребни неколку минути, а сами можете да одлучите дали намазот ќе биде крцкав или не.
  3. Доколку сакате путерот да биде сладок, додајте мед додека мешате.
  4. Путерот од кикирики може да стои во фрижидер и до 3 месеци.