Домашни порази на Барса и Атлетико, гостински триумф на Реал

Во денот кога како домаќини бодовите ги загубија Атлетико Мадрид и Барселона, мадридски реал суверено се прошета низ Баскија и со 2:0 во 16-то коло го солвада Реал Сосиедад.

Во Сан Себастијан веќе во 17 минута Лука Јовиќ го замени повредениот Карим Бензема, а Србинот во 47 минута му асистираше на Винисиус за водство, за десет минути подоцна и самиот да го удвои водството на „Кралевите“.

Реал Мадрид сега на врвот на Примера се зацврсти со осум бодови предност од Севилја и девет од Реал Бетис.

Претходно Атлетико Мадрид на својот стадиони беше шокиран од Мајорка. За актуелниот шпански првак ова беше вториот првенствен пораз во 15-те кола. По водството на домашните во 68 минута преки Бразилецот Матеус Куња се чинеше дека Атлетик лесно ќе дојде до победата но Франко Русо во 80 и Јапонецот Кубо во првата минута од судиското продолжение му го донесоа бодовите на тимот од островот.

Атлетико остана бодовно израмнет со Реал Сосеидад со по 29 бодови, а мадриѓаните се четтврти затоа што имаат еден меч помалку.

Претходно фудбалерите на Барселона доживеаја непријатен домашен пораз на „Ноу Камп“, прв откако тимот го презема Чави Ернандез. Од Каталонците подобри беа играчите на Реал Бетис, а победничкиот погодок го постигна Хуанми во 79 минута. Во текот на мечот Барса не реализираше многу шанси, особено „отпишаните“ Кутињо и Дембеле, на коишто Чави им даде шанса. Средбата ја одбележа тешката повреда на домашниот играч Гави во 36 минута, кога погоден со топката в глава од близина се онесвести на теренот.

Победата го катапултираше Бетис на третото место со 30 бодови, а Барселона со 23 бодови моментално е седма.

Во првиот саботен натправар Севилја дома со голот на Лукас Окампос во 16 минута го совлада Вилјареал. Севилја со 31 бод дојде до второто место, а Вилјареал остнаа на 16 бодови и моментално е на 13-то место.

Во недела играат Рајо Ваљекано – Еспањол, Елче – Кадиз, Леванте – Осасуна, Селта Виго – Валенсија, а во понеделник Хетафе – Атлетик Билбао.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.