Домашниот терен предност за Леверкузен и Шалке

Предноста на домашниот терен треба да се покаже како пресудна кога се во прашање последните два натпревара од 16. коло во германската Бундес лига.
Моментално второпласираниот тим на табелата, Баер од Леверкузен важи за апсолутен фаворит во дуелот со екипата на Ајнтрахт од Франкфурт, а фудбалерите на Шалке не би требало да имаат некој посериозен проблем во првенствениот дуел против екипата на Фрајбург.
„Веќе го заборавивме пласманот во 1/8 финалната рунда од Лигата на шампиони. Целосно сме фокусирани на дуелот против Фрајбург. Мора на сите да ни биде јасно дека само со победа, само со една победничка серија, Шалке и во следната сезона ќе биде дел од Лигата на шампиони. Во овој момент, за нас приоритет е четвратат позиција на табелата”, изјави тренерот на Шалке, Јенс Келер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.