Доминантната Меланија Трамп одржа говор на конвенцијата за номинација на нејзиниот сопруг

Првата дама на САД, Меланија Трамп, ги повика Американците да се обединат против расните поделби и истовремено изрази сочувство за жртвите од пандемијата на корона вирусот.

За време на републиканската изборна конвенција на која нејзиниот сопруг Доналд Трамп беше номиниран за претседателски кандидат на републиканците, Меланија им порача на американските граѓани дека имаат поддршка во борбата со тешкотиите во САД.

„Знам дека многумина се загрижени и дека некои од вас се чувствуваат беспомошни, но сакам да знаете дека не сте сами“, порача Меланија.

Таа се осврна и на расните поделби и расно мотивираното насилство.

„Тоа е груба вистина дека не сме горди на делови од нашето минато. Ве повикувам да се фокусирате на иднината и во исто време да продолжите да извлекувате поуки од минатото“, истакна американската прва дама.

Таа ги повика Американците да работат и да живеат пристојно заедно и да покажат дека се достојни за стандардите на американските идеали.

„Исто така, ги повикувам луѓето да престанат со насилство и грабеж во име на правдата и никогаш да не градат претпоставки засновани врз бојата на нечија кожа“, истакна Мелканија.

Таа, зборуваше и за страдањата предизвикани од пандемијата на корона вирусот во САД и ја објави борбата за ефикасна вакцина достапна за сите.

Републиканската конвенција почна со молитва за Афроамериканецот Џејкоб Блејк, кого полицијата во Висконсин го застрела во грб пред неговите деца.