Доминик Тим го совлада Новак Ѓоковиќ за финале во Лондон

15

Австриецот Доминик Тим избори финале на Завршниот турнир во Лондон, совладувајќи го вечерва Србинот Новак Ѓоковиќ.

Во меч што траеше безмалку три часа, Тим го доби првиот сет со 7:5, во вториот беше 7:6 за Ѓоковиќ по тај-брејкот (12:10). И во решавачкиот трет сет се играше тај-брејк, овојпат Тим беше поуспешен со 7:6 (7:5).

Во финалето Тим ќе игра со победникот од мечот Данил Медведев – Рафаел Надал.

Наградниот фонд на АТП турнирот во британската престолнина изнесува 5,7 милиони долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.