Домот на американскиот амбасадор во Атина испишан со слогани пред ратификацијата на Преспанскиот договор

Непознати група, незадоволни од тоа што денеска ќе има гласање за ратификација на Преспанскиот договор во грчкиот парламент, испишале слогани со заканувачка и навредлива содржина на ѕидовите од домот на амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пјат.

Полицијата го потврди случајот за домот на американскиот дипломат во атинската насела Амбелокипи во близина на самата амбасада на САД. На информативен разговор досега се повикани 30-тина испитани.

САД  инаку силно го поддржува Преспанскиот договор.и решавањето на спорот со името.

Денеска, инаку продолжува парламентарната седница за ратификацијата, а гласањето се очекува на пладне. Исто така најавени се итензични протести на голема група демонстранти.