Донација од фудбалскиот репрезентативец Костадинов за гевгелиската болница

23

Младиот фудбалер од Миравци, Тихомир Костадинов,член на нашата најдобра селекција кој сега игра за словачкиот прволигаш Ружомберок, донираше пари за опремување на Општата болница во Гевгелија.

Дел од средствата ќе бидат наменети за опремување на детското, а дел за опремување на интерното одделение. Поради актуелната состојба со корона вирусот, првенството на Словачка е во прекин и Тихо се наоѓа кај своите во Миравци.

За својот хуман гест не сакаше многу да зборува и само кратко рече дека во ова време-невреме  нормално е секој што може да помогне според своите можности.

Раководтвото на гевгелиската Општа болница му изрази голема благодарност на Костадинов за неговата хумана постапка и за донираните средства кои ќе бидат искористени за опремување на дел од болницата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.