Доналд Туск силно ќе го поддржи ВМРО-ДПМНЕ во предизборната кампања

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Мицкоски е на конгресот на Европската народна партија во Загреб каде ќе се избира нов претседател на сојузот на европските партии од десниот центар, ијави во средата за Алфа телевизија го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Ние го започнавме работниот дел со многу билатерални средби, утрово имавме средба со претседателот на ЕУ Доналд Туск кој што е фаворит за претседател на европската народна партија и се очекува денеска да ја освои довербата на делегатите на Европската народна партија и да стане претседател на најмоќното политичко семејство во Европа, вели Николоски.

Додаде дека Туск го започнал денот со средба со ВМРО-ДПМНЕ на која што бил информиран за состојбата во Македонија и работата на ВМРО-ДПМНЕ, подготовките за следните парламентарни избори како и замолиле за поддршка од Европската народна партија.

-Туск силно ќе го поддржи ВМРО-ДПМНЕ во предизборната кампања и тој смета дека тоа е политичката партија која што треба да ја води Македонија напред. Информиравме за сите оние недостатоци кои ја има владата на СДСМ, но во исто време лобиравме Македонија и граѓаните да не се заложник на овие лоши политики и Македонија да оди напред во евроинтеграцискиот процес, рече Николоски.

Во дневникот на Алфа ТВ Николоски посочи дека ХДЗ, партијата домаќин на изборниот конгрес на европските конзервативци, и повеќедецениски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, и истакна дека нема поблизок партнер на ВМРО-ДПМНЕ од ХДЗ.

Господинот Пленковиќ е наш драг пријател уште од времето пред да биде претседател на Хрватската Демократска Заедница, и секако сега како претседател на ХДЗ и премиер на Хрватска. ХДЗ е традиционален партнер на ВМРО-ДПМНЕ и практично ние на Балканот немаме поблизок партнер од ХДЗ тоа е цврста повеќе децениска релација помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ, истакна Николоски.

Николоски додаде дека Хрватска отпочнува со претседавање и во тек на тоа претседавање ќе се изборите во Македонија и се надева промената на власта. И заеднички ова утро делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ има разговарано со г. Пленковиќ за што е она што може да го направи ВМРО-ДПМНЕ, со цел да не се изгуби и 2020 година.

Во таа насока се зацртуваат две работи кои што ние сме ги потенцирале, првата е силни реформи дома пред се владеење на правото и борба со корупцијата, кои што за жал не ги гледаме од оваа Влада на Заев. Напротив гледаме раширена корупција на сите нивоа на државата и немање правичен систем владеење на правото. И второто секако е одвојување од Албанија практично онаа стратешка грешка која што ја направи Зоран Заев во договорот помеѓу неговата влада и владата на Еди Рама, некаде во април месец, минатата година. И заради која што Македонија изгуби две години. Да конечно заврши односно Македонија да се одвои Албанија и да излезе од тој несреќен пакет во која што ја стави Зоран Заев, нагласи Николоски.

Николоски посочи дека комбинација на овие две работи секако и следење на состојбите внатре во ЕУ заради кои што ги има внатре, може да не во до успешна 2020 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.