Дончиќ е позитивен на коронавирус

Словенечкиот кошаркар во редовите на Далас, Лука Дончиќ, е позитивен на коронавирус и се наоѓа во Ковид-19 протоколот на НБА лигата, јавија американските медиуми.

Поради повредите со коленото и зглобот Дончиќ пропушти девет од последните 17 натпревари, а неговото очекувано враќање на теренот против шампионот Милвоки сега нема да се случи поради новите здравствени проблеми предизвикани од коронавирусот.

Дополнително, Дончиќ ќе го пропушти и дуелот против Јута.

Словенецот сезонава има просек од 25.6 поени, 8.5 асистенции и осум скокови по натпревар.