Дончиќ и Тејтум најдобри во Западната и Источната конференција на НБА

Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ, е прогласен за најдобар играч на Западната конференција во третата недела од тековната сезона во НБА лигата. Просечниот учинок на Дончиќ беше 30.3 поени, 12 скока и 11.3 асистенции по натпревар, а два од трите натпревари ги заврши со трипл-дабл учинок.

Од друга страна, за најдобар на Истокот беше прогласен Џејсон Тејтум. Крилото на Бостон постигна 33 поени, 5.3 скока и 2.7 асистенции по натпревар во трите победи на неговиот тим.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.