Дончиќ постави уште еден рекорд во Далас

Кошаркарот на Далас Маверикс, Лука Дончиќ постави уште еден клупски рекорд. На натпреварот одигран ноќеска на домашен терен против Портланд Трејл Блејзерс, Словенецот постигна 44 поени.

На претходните два натпревара Дончиќ постигна 46 и 28 поени. Така, во текот на изминатите три натпревара, тој има вкупно рекордни 118 поени.

Претходно во историјата на Маверикс, никој не постигнал толку коша на три последователни натпревар.

Последниот играч во тимот кој постигна над 110 поени на три натпревара беше Дирк Новицки во 2007 година