Дончиќ руши рекорди во НБА

Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ постави два рекорда во НБА лигата. Тој на два последователни натпревари во НБА лигата постигна најмалку 29 поени, 15 асистенции и 13 скокови. Ова е нов рекорд во лигата. Дончиќ, исто така, стана најмладиот играч што направил трипл-дабл во два натпревари по ред, со најмалку 25 поени.

Словенецот ноќеска на средбата со Кливленд оствари трипл-дабл, постигнувајќи 29 поени, 15 асистенции и 14 скокови. На претходниот натпревар (против Лејкерс) имаше троен ефект: 31 поен, 15 асистенции и 13 скока.

Дваесетгодишниот Словенец со српско потекло, во Далас е од 2018 година. Пред тоа, играше за Реал Мадрид со кого стана трикратен шампион на Шпанија, двократен освојувач на Купот на Шпанија и победник во Евролигата. Со словенечката репрезентација стана шампион на Европа во  2017 година.