Дончиќ со 41 кош во триумфот над Голден стејт

Кошаркарите на Далас го совладаа синоќа на домашен терен Голден Стејт 122:113 со ново блескаво издание на Лука Дончиќ, кому една асистенција му недостасуваше за трипл-дабл ефект.

Словенечкиот кошаркар натпреварот го заврши со 41 поени, 10 скокови и девет асистенции.

Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу четвртокот и петок: Атланта – Чикаго 130:124, Бостон – Мемфис 120:107, Бруклин – Мајами 107:113, Торонто – Детроит 106:108, Далас – Голден стејт 122:113, Сан Антонио – Сакраменто 112:115, ЛА клиперс – ЛА лејкерс 132:111.