Дончиќ со тројка, Јокиќ со блокада донесоа победи за Далас и Денвер

Благодарејќи на „тројката“ на Лука Дончич во последаната секунда на натпреварот Далас Маверикс на својот паркет ги совладаа Бостон Селтикс со 107:104, а Никола Јокиќ со „рампата“ која му ја подели на Џејшон Тејт ја сочува предноста на своите Денвер Нагетс во соочувањето со Хјустон Рокетс.

На полувремето се чинеше дека Бостон ќе доживее убедлив пораз во „Американ Ерлајнс Центар“, бидејќи Далас ја одржуваа предноста од 17 поени (57:40). Но гостите се вратија во третата четвртина, а до првото водство на натпреварот стасаа на 2,12 минути до крајот, кога Маркус Смарт погоди „тројка“ за 104:102.

Се покажа дека тоа ќе биде последен погодок на гостите. Порзингис во следниот напад го поправи промашувањето за „тројка“ на Брансон и израмни со забивање, а по грешките на двте страни на Далас му останаа 11 секунди за последниот напад. Топката дојде до Лука Дончич, со дриблинг отиде во левиот агол на теренот, со чекор наназад се повлече зад линијата и преку Џош Ричардсон погоди за „тојка“ и победа.

Тоа беше петта „тројка“ од десет обиди на мечот за Дончич, кој дуелот го заврши со 33 коша, 9 скокови и 5 асистенции. Во тимот на Маверикс по пет меча пауза за дуелот со Селтикс се врати Кристапс Порзингис и во победата впиша 21 кош со 7 скокови. Кај Бостон најдобар беше Џејсон Тејтум кој постигна 32 поени со 11 скокови, а Денис Шредер оствари 20 коша.

 

Во Денвер ниеден од тимовите не можеше да мине 100 поени, а Нагетс благодарејќи на Никола Јокиќ успеаја да ги совладаат Хјустон Рокетс, иако имаа лоша шутерска вечер за три поени со 9 реализации од дури 40 обиди и во раната фаза од мечот останаа не Мајкл Портер џуниор, кој мораше да го напушти паркетот поради болки во грбот.

Јокиќ дуелот го заврши со 28 коша, 14 скокови и една блокада којашто се покажа клучна за крајниот резултат, бидејќи дојде во последниот напад на Рокет кога домашните ја бранеа минималната предност од 95:94. Ерик Гордон со продор во рекетот околу себе ја собра одбраната на Нагетс и му асистираше на Џејшон Тејт за полагање, но на новајлијата во Хјустон на патот му се испречи минатогодишниот МВП на НБА лигата и ја сочува победата на својот тим.

Покрај Јокиќ, голем придонесот во победата на Денвер имаше Вил Бартон со 15 коша, 7 скокови и 6 асистенции. Кај Рокетс најефикасни беа Даниел Тајс со 18 поени, додека Кристијан Вуд врза 12 коша и 16 скокови.

 

На прагот на голем пресврт беа и кошаркарите на Јута Џез на гостувањето кај Мајам Хитс, но останаа „покуси“ за три поена во поразот 115:118. Хитс на помалку од 6 минути пред крајот имаа предност од 19 поени (110:91), за гостите да дојдат до шут за продолжување на на 10,4 секунди до крајот. Одговорноста ја презема на себе Донован Мичел но не реализираше преку рацете на Џими Батлер.

Тоа беше 15-от шут за „тројка“ на Мичел на мечот, а погоди само четири. Сепак, со 37 коша беше најдобар стрелец кај Џез, на што додаде и 7 асистенции. Мајк Конли додаде 18 поени, а Бојан Богдановиќ 16 коша со 5 скокови и 4 асистенции.

Тајлер Хиро со 29 коша и 6 погодени „тројки“ од 8 обиди беше најдобар стрелец кај Хитс. Џими Батлер додаде 27 коша и во завршницата ги погоди клучните слободни фрлања за водство од 118:115, терајќи ги гостите на шут за „тројка“ во последната акција. Кајл Лоури дојде до „трипл-дабл“ остварување со 20 коша, 12 скокови и 10 асистенции, додека Бам Адебајо впиша 17 поени и по 6 асистенции и скокови.

 

Во дербито на водечките екипи во Источната конференција, Чикаго Булс дома ги пречекаа Филаделфија 76ерс, кои во завршницата дојдоа до уверлива победа од 114:105 и со сооднос на победи и порази од 8-2 го задржаа првото место.

Џоел Ембид постигна 30 коша со 15 скокови за гостите, погодувајќи за „тројка“ четири од пет обиди. Токму со неговата „тројка“ на 15,5 секунди пред крајот Филаделфија отиде на недостижните осум поени предност 112:104. Фуркан Коркмаз погоди седум „тројки“ од девет обиди и го заврши дуелот со 25 коша, додека Шејк Милтон оствари 13 поени, 7 скокови и 6 асистенции. Филаделфија имаше седум играчи со двоцифрен број поени.

Стрелците на Булс ги предводеше Зак Лавин со 32 поени, а имаше и 9 скокови. Демар Дерозан додаде 25 коша, а Никола Вучевиќ врза 11 поени и 11 скокови.

 

Во главно израмнетиот дуел во Феникс домашните Санс против Атланта Хоукс негативата од 12 коша пред почетокот на последната четвртина од 89:98 ја претворија во победа од четири поени 121:117, најмногу благодарејќи на Крис Пол кој од своите 16 коша и 13 асистенции во последните 12 минути уфрли 10 поени и подели 5 асистенции. Најефикасниот ирач на Феникс беше Девин Букер со 38 коша, Френк Камински постигна 16 а Џеј Краудер од 15 поени.

Хоукс ги предводеше Треј Јанг со 31 кош и 13 асистенции, а Џон Колинс го заврши дуелот со 26 поени и 10 скокови, додека Богдан Богдановиќ впиша 18 кошеви и 7 скокови.

 

Лос Анџелес Лејкерс на гости кај Портланд Трејл Блејзерс отпатуваат без повредениот Леброн Џејмс, кој го пропушти вториот меч со ред поради истегнување на мускул во стомачниот ѕид, а поради проблеми со желудникот рано играта мораше да ја напушти и Ентони Дејвис, па не чуди што доживеаја убедлив пораз од 90:105. Поразот можеше да биде уште поубедлив, бидејќи домашните во последната минута од третата четвртина дојдоа и до највисоките плус 34 со резултат 93:59, па до крајот на дуелот ги одмораа своите најдобри играчи.

Демиен Лилард одигра 31 минута и за тоа време постигна 25 поена. Јусуф Нуркиќ доминираше во рекетот со 15 поени и 17 скокови. Кај гостите ниеден играч од почетната петрока не успеа да дојде до двоцифрен број поени, а најдобар стрелец беше Малик Монк со 13 поени. Кармело Ентони против поранешните соиграчи постигна 12 коша.