Дончич исклучен, но Далас оствари гостинска победа

103

Кошаркарите на Далас Мавериск на гости ги совладаа Кливленд Кавалирс со 124:97 и го држат петтото место во Западната конференција кое води во плејофот, иако нивниот најдобар играч Словенецот Лука Дончич беше исклучен на почетокот од третата четвртина бидејќи го удри во препоните Колин Секстон.

Дончич паркетот го напушти со 15 поени и по 5 асистенции и скокови. Најефикасен кај Далас беа Тим Хардавеј џуниор со 25 и Џош Ричардсон со 20 коша, а Колин Секстон ги предводеше домачините со 24 поени.

Иако Мајами Хитс имаа 21 кош предност пред почетокот на последната четвртина, Бостон Селтиск во последните 12 минутио опасно се приближија но не успеаја да направат пресврт и на крајот загубија со 124:130.

Кај Хитс е истана Џим Батлер кој од своите 26 поени 22 постигна во второто полувреме. Данкан Робинскот додаде 22, Бам Адебајо 20 а Тревор Ариза 19 коша. Кај Селтикс, кои сега паднаа во ткн „плеј-ин“ зоната на борбата за пласман во доигрувањето, најдобри беа Иван Фурние со 30 и Џејсон Тејтатм со 29 поени.

Феникс Санс, кои моментално се второпласитани на Западот, беа поразени на гости од бранителот на титулата Лос Анџелес Лејкерс со 110:123.

Кај победниците, кои сѐ уште ираат без повредениот Леброн Џејмс, најдобар беше центарот Ентони Дејвис со 42 поени и 12 скокови, додека кај Феникс се истакнаа Камерон Пејн со 24 и Девин Букер со 21 кош.

Лос Анџелес Клиперс, пак, дома загубија од Њујорк Никс со 100:106. Гостите ги предводеше Дерик Роуз со 25 поени и 8 асистенции, а кај Клиперс најдобар беше Каваи Ленард со 29 коша.

РЕЗУЛТАТИ

Бостон Селтикс – Мајами Хитс 124:130
ЛА Клиперс – Њујорк Никс 100:106
Шарлот Хорнетс – Њу Орлеанс Пеликанс 110:112
Кливленд Кавалирс – Далас Маверикс 97:124
Орландо Меџикс – Минесота Тимбервулфс 96:128
Детроит Пистонс – Чикаго Булс 96:108
Лос Анџелес Лејкерс – Феникс Санс 123:110
Сакраменто Кингс – Оклахома Сити Тандер 126:98

ТАБЕЛИ

Источна конференција

Филаделфија 76ерс 47 21 69,1
Бруклин Нетс 44 24 64,7
Милвоки Бакс 43 24 64,2
Њујорк Никс 38 30 55,9
Атланта Хоукс 37 31 54,4
Мајами Хитс 37 31 54,4
Бостон Селтикс 35 33 51,5
Шарлот Хорнетс 33 35 48,5
Вашингтон Визардс 32 36 47,1
Индијана Пејсерс 31 36 46,3
Чикаго Булс 29 39 42,6
Торонто Репторс 27 41 39,7
Орландо Меџикс 21 47 30,9
Кливленд Кавалирс 21 47 30,9
Детроит Пистонс 20 49 29,0

Западна конференција

Јута Џез 50 18 73,5
Феникс Санс 48 20 70,6
ЛА Клиперс 45 23 66,2
Денвер Нагетс 44 24 64,7
Далас Маверикс 40 28 58,8
Портланд Трејл Блејзерс 39 29 57,4
Лос Анџелес Лејкерс 38 30 55,9
Голден Стејт Вориорс 35 33 51,5
Мемфис Гризлис 34 33 50,7
Сан Антонио Спарс 32 35 47,8
Nу Орлеанс Пеликанс 31 37 45,6
Сакраменто Кингс 30 38 44,1
Минесота Тимбервулфс 21 47 30,9
Оклахома Сити Тандерс 21 48 30,4
Хјустон Рокетс 16 52 23,5

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.