Дончич урна уште еден рекорд на Маверикс

Бекот на Далас , Лука Дончич, го собори ноќта кон четвртокот клупскиот рекорд по уште еден „трипл-дабл“, а Маверикс го совлада Њу Орлеанс Пеликанс со 127:123 по продолжение во меч од регуларната сезона во НБА.

Словенецот заврши со 30 поени, 17 скокови и 10 асистенции, запишувајќи го својот 22-ри „трипл-дабл“ и со тоа го надмина постигнувањето на Џејсон Кид.

Кристапс Порѕингис постигна 34 поени и 12 скока за триумфот на тимот од Тексас. Брендон Инграм постигна 27 поени за „пеликаните“, Лонзо Бол додаде 25, а Зајон Вилијамсон се истакна со 21.

Ниту еден тим не успеа да поведе со повеќе од 3 поени во последната четвртина и додаденото време пред Дончиќ да го пронајде Порзингис во самиот финиш и тој да забие на 49 секунди до сирената, давајќи му на тимот предност од 4, што се покажа како одлучувачки.

Претходно, Италијанецот Николо Мели го испрати натпреварот во продолжение со тројка во последните секунди, откако ги промаши претходните 6 обиди од далечина.

Кошаркарите на Далас забележаа и 11 блокади пред паузата, завршувајќи со 13 на дуелот, со по 5 запишани од Порзингис и Макси Клебер. Победниците се на 7-то место на Западот со биланс од 38-25, а Њу Орлеанс се спуштија на 11-тото место, губејќи ги своите последните 3 натпревари и се со скор 26-36.

РЕЗУЛТАТИ:

Кливленд – Бостон 106:112
Детроит – Оклахома Сити 107:114
Мајами – Орландо 116:113
Бруклин – Мемфис 79:118
Њујорк – Јута 104:112
Минесота – Чикаго 115:108
Портланд – Вашингтон 125:104 .

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Атлантска дивизија

1. Торонто 43 18 .705 –
2. Бостон 42 19 .689 1
3. Филаделфија 37 25 .597 6 1/2
4. Бруклин 27 34 .443 16
5. Њујорк 19 43 .306 24 1/2

Централна дивизија

1. Милвоки 53 9.855 –
2. Индијана 37 25 .597 16
3. Чикаго 21 41 .339 32
4. Детроит 20 43 .317 33 1/2
5. Кливленд 17 45 .274 36

Југоисточна дивизија

1. Мајами 40 22 .645 –
2. Орландо 27 35 .435 13
3. Вашингтон 22 39 .361 17 1/2
4. Шарлот 21 40 .344 18 1/2
5. Атланта 19 44 .302 21 1/2

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Северозападна дивизија

1. Денвер 41 20 .672 –
2. Јута 39 22 .639 2
3. Оклахома Сити 38 24 .613 3 1/2
4. Портланд 28 35 .444 14
5. Минесота 19 42 .311 22

Пацифичка дивизја

1. ЛА Лејкерс 47 13 .783 –
2. ЛА Клиперс 42 19 .689 5 1/2
3. Сакраменто 27 34 .443 20 1/2
4. Феникс 24 38 .387 24
5. Голден Стејт 14 48 .226 34

Југоисточна дивизија

1. Хјустон 39 21 .650 –
2. Далас 38 25 .603 2 1/2
3. Мемфис 31 31 .500 9
4. Сан Антонио 26 34 .433 13
5. Њу Орлеанс 26 36 .419 14