Дончиќ ќе биде клучен дел од франшизата

295

Тренерот на „Далас Маверикс, Рик Карлајл откри дека во еден момент се исплашил оти неговиот тим нема да успее да го добие Словеецот Лука Дончиќ на драфтот, бидејќи тој е премногу добар. Дончиќ утрово беше избран како трет пик на драфтот од „Атланта Хокс“, која веднаш направи размена со „Далас“ за плејмејкерот Треј Јанг, петти пик, а го доби и правото прв даа бира на наредниот драфт.

Имавме среќа, Лука Дончиќ е играч што сакавме да го земеме на драафтот. Во еден момент мислевме дека немаме шанса, бидејќи тој е премногу добар, но направивме добра работа. „Атланта“ доби добар играч, а ние момче за кое веруваме дека ќе биде клучен дел од франшизата, рече Карлајл.

Фантастичниот Дончиќ го освои Европското првенство со Словенија и Евролигата со „Реал“ во изминатата година и освои многу индивидуални награди.Словенецот има среќа бидејќи ментор ќе му биде Гермаанецот Дирк Новитцки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.