Донеле мртовец во пошта за да ја подигнат неговата пензија

Ирската полиција покрена истрага откако двајца млади мажи во петокот претпладнето донеле мртов маж во пошта во обид да ја подигнат неговата пензија, пренсувааат ираските медиуми.

Овој бизарен случај започнал во петокот во 11,30 часот по локално време во гратчето Карлоу, сместено југозападно од Даблин, кога едно од двете момчиња влегло во поштата за да ја подигне пензијата на друг човек.

Вработените во поштата очекувано го одбиле, велејќи му дека за тоа е неопходно присуство на мажот чија е пензијата, по што двајцата го донеле телото на мажот во зградата.

Откако им станале сомнителни на поштенските службеници, двете момчиња побегнале оставајќи го телото. Наводно го познавале починатиот маж.

Ирската полиција го истражува овој случај и околностите на смртта на човекот во 60-те години од животот. Телото биле изнесено од поштата дури вечерта, а станот на покојникот во близина на поштата е обезбеден како место на можно злосторство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.