Донев: Нереалните ветувања на СДСМ доведоа до огромни разочарувања кај младите

Унијата на млади сили, УМС, деновиве посети голем број комитети низ држвава. Состојбата насекаде низ државава е катастрофална, младите се разочарани, вели Горјан Донев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Погубните политики на СДСМ доведоа до масовно иселување на младите од Македонија. 80 проценти од младите размислуваат да се иселат од државава, а секој трет образован човекја напушта државава. Секојдневно сме сведоци како илјадници млади се збогуваат со нивните семејства. Тие среќата ја бараат во другите држави каде знаат дека нивниот труд ќе биде соодветно награден“, посочи Донес на прес конференција.

-Стандардот на живеење во Република Македонија е најнизок во Европа. Партизацијата, корупцијата и криминалот кои ги наметна власта се главните виновници за катастрофалната ситуација во која се затекнати младите лица. Младите немаат доверба во институциите, младите немаат подобар животен стандард .

Нема инвестиции во образованието. Студентските домови пропаѓаат. Нема изградба на нови спортски објекти Нереалните ветувања на СДСМ доведоа до огромни разочарувања. Ветување за Живот за сите се претвори во Живот само за блиските до власта. Нема никакви младински политики. Невработеноста кај младите е највисока во Европа.

За напредок во кариера е потребна партиска книшка на СДСМ. Ова мора да се промени. За младите мора да се обезбедат подобри услови но СДСМ не сака и нема капацитет да испорача ги подобри услови за иднината на младите во Македонија- рече Донев.