Донев: Очигледно Ковачевски прифати Бугарите да влезат во македонскиот Устав

Покрај договорот што го потпиша поранешниот премиер Зоран Заев, фактички сега ќе има уште еден договор на кој бугарската страна инсистира, а што нашата страна прифаќа затоа очигледно премиерот Димитар Ковачевски денеска го прифати прашањето за Бугарите во Македонија, само го услови временски со прием во ЕУ. Тоа значи дека постојано правиме отстапки, оцени во понеделникот вечерта поранешниот амбасадор Јован Донев во емисијата „Што не е јасно“.

Според Донев властаја замајува јавнсота во земјата дека бугарскиот премиер Кирил  Петков е „добриот“ а претседателот Румен Радев е „лошиот“. Според него, Петков како премиер ја менува тактиката само со проширување на економска политика, инфраструктурата

„Бугарија има утврдена државна политика кон Македонија, а Македонија очигледно прифаќа, никој не ни наложил да ги прифатиме тие 5+1 или никој не ни забранил да се спротивставиме на мешањето на Бугарија во внатрешните работи на Македонија“, истакна Донев.

Вели дека во Македонија нема што да се очекува од премиерот Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи, зашто според него тоа е прифатено без никаков реципроцитет, кога станува збор за внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав.

„Тука се гледа капацитетот на македонскиот премиер и министер за надворешни. Тие немаат познавања ниту за суштината на проблемот со Бугарија, ниту како функционира нивната надворешна политика, нивните принципи, тие немаат појма. Затоа што никој не побарал од нас да прифатиме тоа што Бугарите бараат , се очекува само да преговараме, но штом има соговорник како што е македонската владата која веднаш прифаќа, само се подига прагот. Ова е истата приказна што ја правеше Заев“, потенцираше Донев.