Донев: Посетата на Заев во Брисел немаше никаква врска за почеток на преговори на Македонија

Јован Донев, професор и поранешен амбасадор во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за целата ситуација во која се наоѓа Република Македонија и посочи дека не може да се очекува ништо од посетата на Заев во Брисел ниту сега, ниту претходно.

„Во неколку наврати имам кажано на она што се однесува на нашата дипломатија и на нашата надворешна политика и може да се каже дека македонско-надворешната политика е траги-комедија, тоа е трагедија за граѓаните, комедија е за странските надлудувачи. Главните креатори на надворешната политика на Македонија најверојатно или не се целосно посветени или се работи за толкав капацитет на луѓето што работат таму и затоа ни се случуваат вакви работи какви што ни се случуваат. Не треба да очекуваме некои изненадување во однос на сегашната посета на Заев во Брисел, ниту понатаму, ниту претходно. Тоа е константа. Се што може да направиме ќе направиме на наша штета затоа што едноставно не сакаме да прифатиме дека целиот систем не функционира, не е способен да се соочи со предизвиците кои секоја една држава ги има во меѓународните односи. Тоа или не можат да го разберат или не сакаат да го прифатат“, рече Донев.

Оцени дека посетата на Заев во Брисел претствувала поправање на неговиот имиџ во државата и немала никаква врска за почеток на преговори.