Донев: СДСМ има коалиција без изборна програма

Владејачката СДСМ на овие избори настапува со меѓуетничка коалиција без изборна програма што е е неприфатливо, оцени  во емисијата на ТВ Алфа „Заспиј ако можеш“ гостуваше поранешниот амбасадор на Македонија во Лондон Јован Донев.

„Вие имате во овој момент во Македонија предизборна коалција без изборна програма. Тоа ви е коалцијата Социјал Демократски Сојуз – Беса тоа е недозволиво и никој не реагира во Македонија, а некој треба да им даде гласови затоа што таа коалиција има изборна листа. Како членството и симпатизарите на СДСМ или некои други гласаат за партија коалиција која што нема своја програма“,истакна Донев.

Дополнително, Донев рече дека и лидерот на БЕСА на интервју за Радио слободна Европа исто така кажал дека коалицијата нема избрна програма туку потпишана декларација со тогашната влада на СДСМ. Според Донев е сосема друга работа посебно ако се земе фактот дека таа Влада сега е во оставка.

„Лидерот на БЕСА за интервју пред десетина дена рече ‘ние немаме изборна програма’, погледајте ја декларацијата што ја потпиша БЕСА со владата на Македонија за односните. Пазете, декларација меѓу една политилка партија и влада е сосема друга работа. Таа влада веќе ја нема, таа влада е во оставка. Програми потпишуваат политички партии и излагаат и бараат мандат“, истакна Донев