Доневски: СОЗР не ја покрива сметката на Груевски, Богоевски да се извини

144

На денешното продолжение на конститутивната седница на Собранието пратеникот од коалицијата на СДСМ Павле Богоевски покажа сметка од мобилен за која тој наведе дека е од службениот телефон на Никола Груевски, а според која за разговори од странство претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потрошил 184.000 денари.

Според Богоевски, сметката била стигната на адресата на Владата, чии служби требало да ја платат од државниот буџет.

– Од службениот премиерски телефон, што го плаќа Владата, во периодот од 1 март до 1 април 2017 година, направена е сметка над 184 илјади денари за роаминг, рече Богоевски и праша дали тоа значи дека државата ги плаќа координациите на Груевски од Малта.

Тврдењето на Богоевски го демантираше и ВМРО-ДПМНЕ од каде оценија дека СДСМ во очај се претвора во фабрика за лажни вести обидувајќи се да го покрие срамот од прифаќањето на тиранската платформа.

– Веста дека Владата го плаќа телефонот на претседателот Никола Груевски е целосна измислица. Груевски нема телефон кој го плаќа Владата. Ниту пак од Малта имал разговори за такви високи сметки. Лагите и лажните вести станаа синоним за СДСМ. Пратеникот Павле Богоевски со лажно претставување како невладин активист влезе во Собранието, а сега преку пласирање невистини се обидува да му се додвори на неговиот лидер, криминалецот Зоран Заев. Криминогеното раководство на СДСМ нема да може на овој начин да се амнестира себеси од предавството на највисоките државни и национални интереси, стои во демантот од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.