Дописот од Софија има „позитивна и негативна“ страна, оцени Османи

Писмото од бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев го гледам како дефинирање на патоказот кој е еден од трите елементи за заокружување на решението кое ќе ги отвовори преговорите на Македонија со Европската унија, рече во саботата министерот за надворешни работи Бујар Османи, коментирајќи го дописот кој во петокот го објави бугарската дипломатија.

Османи оцени дека целта на посетата на Софија на 17-ти јуни била дефинирање на патоказот кој треба да биде вметнат во европскиот предлог.

„Треба да има решение, патоказ и одлука за почеток на преговори. Нема договор доколку некој од овие елементи недостасува“, рече Османи.

Смета дека дека писмото што го добил има „една позитивна и една негативна страна“.

„Позитивната е што бугарската страна ги прифаќа предлозите од патоказот, но негативната страна е дека писмото стигнало по завршувањето на самитот со што нема одлука за почеток на преговорите, како клучен елемент од целосното решение“, толкуваше Османи и најави дека во следниот период разговорите ќе продолжат за во септември да има зелено светло и договор.

За патоказот Османи рече дека е тое е исто што и Акцискиот план во Договорот за пријателство и соработка со Бугарија на билатерално ниво, но во европски рамки, откако по барање на Бугарија е воспоставен европски мониторинг на спроведување на Договорот, покрај билатерланиот. Во тој контекст, според Османи, ЕУ побарала да се изготви патоказ од двете земји кои тие ќе одлучат каде ќе биде сместен.

Бугарското министерство за надворешни работи во петокот објави листа од обврските коишто според Софија ги прифатила македонската страна, во текот на средбите во Софија на 170ти јуни.

Како што се наведува во соопштението, за време на средбите на македонскиот премиер Зоран Заев минатата седица во Софија со бугарскиот претседател Румен Радев и премиерот Стефан Јанев, како и во разговорите меѓу министрите за надворешни работи Светлан Стоев и Бујар Османи, Македонија изразила подготвеност да ги исполни следните обврски:

„-Скопје што побрзо да потврди до ООН, во согласност со чл. 11 ст. 3 од Договорот за добрососедство дека краткото и долгото име на земјата се однесуваат само на политичкиот субјект „Република Северна Македонија“, а не на географскиот регион „Северна Македонија“, чиј дел се наоѓа во рамките на суверените граници на Бугарија. По испраќањето на оваа вербална белешка, Бугарија веднаш ќе престане да инсистира на употреба само на долгото име „Република Северна Македонија“ во ЕУ и во меѓународните организации;

-Република Северна Македонија конечно да ги повлече своите малцински претензии кон Бугарија, потврдувајќи дека не постојат историски, етнички и други основи за барање статус на малцинство за која било група на луѓе кои не се нејзини државјани на територијата на Република Бугарија. Ова би било во согласност со клаузулата за немешање во внатрешните работи на Бугарија, утврдена во чл. 11 ст. 5 од договорот од 2017 година;

-Република Северна Македонија да започне процес на рехабилитација на жртвите на југословенскиот комунизам, репресирани на нејзината територија поради нивната бугарска самосвест. Овој историски гест од страна на Република Северна Македонија во пракса би го одразувал нашиот заеднички европски цивилизациски избор;

-Република Северна Македонија да ја прилагоди со Бугарија содржината на нејзините наставни програми, со цел објективно да ја рефлектира нашата заедничка историја, поставена како централен елемент во преамбулата и од Договорот за добрососедство, како и со цел елиминирање на образовните содржини што поттикнуваат омраза кон Бугарија (чл. 11 ст. 6);

-Идентификување заедно со Бугарија и отстранување на знаци и натписи на територијата на Република Северна Македонија, што предизвикуваат омраза кон Бугарија и Бугарите„