Дополнета владината Уредба за јавен превоз на патници

42

Владата на вчерашната седница ја усвои дополнетата Уредба со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба со која е предвидено во јавниот превоз бројот на патниците во возилата да изнесува најмногу до 50 проценти од капацитетот на возилата за кои е задолжително да бидат опремени со маски, ракавици и возилата да се дезинфицираат.

– Со оваа измена задолжителните мерки ќе се однесуваат и на правните субјекти кои вршат превоз на патници за сопствени потреби, се додава во соопштението од 60-та владина седница.

На оваа седница Владата усвоила и Протокол за спроведување на проверка на способностите за спортските вештини на учениците кои имаат интерес за запишување на Државното средно училиште „Спортска академија“, со кој се опфатени препораките за подготовка и уредување на спортските терени каде што ќе се спроведува проверката на вештините, начинот на пријавување, како и текот и организацијата на селективниот тренинг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.