Дополнителен финансиски стимул за семејствата во социјален ризик

Дополнителен финансиски стимул за семејствата во социјален ризик. Продолжува  проектот за условен паричен надоместок за учениците од средно образование коишто  потекнуваат од семејства приматели на социјална парична помош.

Проектот е дел од програмата на Владата, а за него денес на прес-конференција информираше Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Овој проект продолжуваме да го реализираме веќе шеста година и значи дополнителна финансиска помош на примателите на социјална парична помош, односно, на најранливата категорија на граѓани во Република Македонија, дополнителен финансиски стимул за нивните деца да посетуваат редовна настава во рамките на средното образование. Станува збор за финансиска парична помош од 12.000 денари за секое семејство коешто има дете кое што е ученик во средно образование и коешто редовно ја посетува наставата, односно, над 85% од сите часови во текот на годината, рече Спасов.

Финансиската помош се остварува квартално

Спасов: Дополнителен финансиски стимул за семејствата во социјален ризик
Спасов: Дополнителен финансиски стимул за семејствата во социјален ризик

Финансиската помош се остварува квартално, односно, секој квартал се добива по една четвртина од овие финансиски средства, а годинава издвоени се вкупно 78 милиони денари за поддршка на околу 6.500 семејства коишто се приматели на социјална парична помош.

Условите коишто треба да ги исполнуваат семејствата, односно децата коишто се во рамките на средното образование, да се редовни ученици и да аплицираат на повикот кој што ќе биде објавен во текот на утрешниот ден и кој што ќе трае до крајот на месецот септември.

Би сакал да ги повикам сите приматели на социјална парична помош да аплицираат за оваа дополнителна финансиска помош и да остварат дополнителни 12.000 денари. Исто така, би сакал да напоменам дека за петте учебни години колку што се реализира овој проект до сега се искористени 5.800.000. евра за вкупно 41.420 деца кои што го имаат остварено овој надоместок. Средствата ги обезбедуваме како дел од проектот од Светската банка, објасни Спасов.

Спасов во одговор на новинарско прашање истакна дека во рамките на самиот проект е дизајнирана и посебна мерка за вработување, за субвенционирано вработување на млади лица коишто во минатото биле корисници на Условен паричен надоместок со значителна финансиска поддршка за компаниите коишто ќе вработат вакво лице.

Односно компаниите што ќе вработат вакво лице ќе добиваат од 17.000 па се до 23.000 денари месечно во период до шест месеци. Оваа мерка се планира да се реализира секоја година и на тој начин да да се влијае истите лица што остварувале условен паричен надоместок и побрзо да стигнат до своето работно место.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.