Дополнителни 40 милиони евра за Црна Гора од ЕУ

Европската Унија и обезбеди финансиска поддршка на Црна Гора во вредност од 40,2 милиони евра за развој на железничката инфраструктура, од кои половина ќе бидат бесповратна помош, додека преостанатите средства ќе бидат обезбедени во вид на кредити од Европската инвестициска банка, соопшти Управниот одбор на Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Оваа значајна инвестиција, која е еден од главните проекти на Европскиот инвестициски план, го означи почетокот на спроведувањето на Планот во Црна Гора, јави порталот ЦдМ.

Средствата од ЕУ, определени во рамки на Инвестициската рамка на Западен Балкан, вклучуваат бесповратна помош од 22 милиони евра, која е обезбедена за подготовка и имплементација на нови инфраструктурни проекти, од кои 20,1 милиони евра ќе бидат инвестирани во проектот за реконструкција  на железничката пруга Бар-Врбиница.

– Добрата инфраструктура е основа на економскиот развој, поврзаноста и европската соработка. Затоа, инвестирајќи во развој на инфраструктурата во Црна Гора, Европската Унија сака да го поддржи економското закрепнување и понатамошниот развој на црногорската економија и нејзиното поврзување со земјите-членки на ЕУ. Пријателите се познаваат во неволја. ЕУ ќе им помогне на граѓаните на Црна Гора заедно да ја надминат оваа тешка криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Оваа значајна инвестиција во развој на одржливи начини на транспорт, вредна 40 милиони евра, што се спроведува според Економскиот и инвестициски план, е последна во низата јасни пораки за поддршка на ЕУ за интегративниот пат на Црна Гора – рече амбасадорката на ЕУ во Црна Гора, Оана Кристина Попа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.