Дополнителни 78 милиони денари за примателите на социјална помош

Дополнителни 78 милиони денари се предвидени за примателите на социјална помош, најави министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Дополнителни 78 милиони денари за примателите на социјална помош
Дополнителни 78 милиони денари за примателите на социјална помош

Спасов, одговарајќи на новинарско прашање за условниот паричен надоместок за семејствата кои се во најтешка материјална состојба, односно семејствата корисници на социјална парична помош, истакна дека овој проект продолжува и оваа и следната година односно за учебната 2015-2016. За реализација на овој проект за оваа учебна година се предвидени 78 милиони денари.

Со овој проект се подржуваат семејствата кои што се  приматели на социјална парична помош, чии што деца се редовни ученици во рамките на средното образование добиваат дополнителна помош од 12.000 денари. Инаку овој проект го реалиизраме од 2010 година и досега се инвестирани околу 358 милиони денари за реализација на овој надоместок кој што значи дополнителна финансиска поддршка за семејствата корисници  на социјална парична помош, истакна Спасов.