Дорис Пак за „Рекет“: Зошто ЕУ не реагира? Премиерот се споменува во снимките

Германската политичарка и претседателка на асцијацијата на жени во Еврпската народна партија (ЕПП), Дорис Пак, се огласи на Твитер за последната снимка за „Рекет“ објавена на „Ла Верита“.

-Зошто не реагира ЕЕАС (Европската служба на надворешни работи)? Граѓаните ми пишуваат и ме повикуваат! Решавањето на прашањето со името не може да биде причина за затворање на очите пред криминалната реалност! Премиерот на Северна Македонија се споменува во третото продолжение од снимките, пишува Пак.