Досега 13 мртви во пукањето во училиштето во Ижевск

 

Вооружен напаѓач убил најмалку 13 лица, меѓу нив и седум ученици, во училиште во рускиот град Ижевск, пренесува Ројтерс.

Според првичните информации во нападот во главниот град на регионот Удмуртиа има и повеќе од 20 луѓе кои се повредени, додека напаѓачот се самоубил.

Според руските медиуми во нападот се убиени седум ученици и шест возрасни лица, наставници и лица од обезбедувањето. Нападот се случил во училиштето број 88, каде учат околу 1.000 ученици и има околу 80 наставници. Од новинската агенција ТАСС информираа дека напаѓачот бил вооружен со два пиштола.

Училиштето се наоѓа во центарот на Ижевск, град со околу 650.000 жители, и се наоѓа во близина на владини институции.

Од училиштето во меѓувреме се евакуирани учениците и наставниците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.