Досега 160 илјади граѓани пријавиле дополнителни приходи во УЈП, рокот истекува денеска

Вкупно 159.502 граѓани поднеле годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи, а токму денеска е крајниот рок за пријавување на дополнителните приходи остварени минатата година.

Од вкупниот број на поднесени годишни даночни пријави, 1.290 се испратени по електронски пат.

Годишните даночни пријави може да е достават до во даночните канцеларии на УЈП, Контакт центарот на УЈП во Градскиот трговски центар, како и во мобилните канцеларии на УЈП.

Од Управата очекуваа и оваа година да пристигнат околу 170 илјади годишни даночни пријави.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.