Досега 28 лица затруени во сендвичарницата „Седмица“

На клиниката за инфективни болести во Скопје денеска се прегледани двајца пациенти затруени со храна од сендвичарницата „Седмица“ во Лептокарија, а стабилна е состојбата на хоспитализираните шест од 26 лица кои завчера и вчера побарале помош откако јаделе во оваа сендвичарница. Прегледаните пациенти од утрово не се задржани в болница, информираат од Клиниката за инфективни болести. Таму вчера се прегледани 14 пациенти, а само еден е примен на болничко лекување.

Од завчера со симптоми на труење по консумирање храна од „Седмица“ за преглед на клиниката се јавиле вкупно 28 лица, од кои тројца се префрлени во ГОБ „8-ми септември“. Сендвичарницата е затворена, а по налог на санитарната инспекцијата треба да се изврши нејзино темелно чистење, како и дополнителни здравствени прегледи на сите вработени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.