Досега најмногу заразени во Србија на дневно ниво, позитивен на коронавирус нападна медицински персонал

Србија во средата, 19 дена откако беше потврден првиот случај на инфекција со коронавирусот го имаше најголемиот дневен раст на бројот на заразените – 81, но според службените процени следните денови треба да се очекува чувствително зголемување на бројот на заразените.

Вкупно во Србија до средата се потврдени 384 заразени лица, но и четвртата жртва од коронавирусот, 60-годишна лекарка од Ниш којашто се лекувала од дијабетес.

Државните функционери навестија можност од целосно изолирање на поедини градови и општини во Србија, за да се пресече веригата на ширење на заразата.

Во Србија во последните 24 часа се тестирани вкупно 254 лица, од кои 81 бил позитивен а 164 биле негативни, хоспитализирани се 54 пациенти, а лекарите 25 лица со полесни симптоми ги упатиле во домашна изолација.

Низ српскиот здравствен систем од 6-ти март до денеска тестирани се вкупно 1.161 лице, а на предлогот на кинеските експерти кои допатуваа во Србија за да го споделат своето искуство во справувањето со коронавирусот, ќе биде засилено тестирањето за да се затворат групите преносители на заразата и да се спречи натамошно ширење на вирусот.

Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно во средата порача дека се разгледува воведување нови мерки за Белград, Ниш и Ваљево, истакнувајќи дека Белград е „убедливо најголемото жариште“ на коронавируост во Србија.

Српските медиуми пишуваат дека денеска во Крагуевац 47-годишен „физички силен“ жител кој бил ставен во карантин „дивјачки“ нападнал лекар и медицински персонал, и оти постои соменвање дека притоа заразил пет лица, па поради тоа тие се ставени во изолација.

Мажот претходно денеска бил тестиран при што било утврдено дека е позитиве на коронавирусот. Доколку се потврдат сомневањата дека ги заразил медицинските лица, му се заканува затворска казна во траење до 12 години.

Причината за нападот била бизарна, наводно утре му било роденден, а нему му бил одреден карантин.