Досега најмaлку 22 загинати во уривањето на надвозникот во Џенова

275

Најмалку 22 луѓе загинале во вторникот во уривањето на надвозникот кој минува над италијанскиот град Џенова, а меѓу нив е и едно дете пренесуваат италијанските медиуми според кои досега четири луѓе се извлечени живи.

Медиумите јавуваат дека осум луѓе, а некои од нив се во критична состојба. Уште десетина лица се водат како исчезнати. Седум лица со тешки повреди се однесени во болницата „Вила Скаси“ во Џенова. Покрај тоа лекарите се грижат за многу жени и деца кои се трауматизирани откако биле очевидци на уривањето.

„Нашата главна задача во скоро време ќе биде да им се осигуру сеопфатна, вклучително и психолошка помош на роднините на настраданите денеска. Веќе работиме во оваа насока, а натамошната работа, очигледно, ќе биде уште поголема“, изјавил претставник на кризната група стручњаци формиран во болницата „Сан Марино“.Corriere della Seraо

На местото на несреќата пристигна минситерот за транспорт и нфрастуктура Данило Тонинели. Како што претходно објави на Twitter „се чини дека станува збор за огромна трагедија“, Според него, можеби станува збор за недостатоци во техничкото одржување на мостото.

Вијадуктот Моранди се урна околу 11,30 часот локално време по локално време во текот на силни дождови. Од снимките се чини дека неостигат 200 метри од вијадуктот. Според телевизијата TG24COM, којашто се повикува на очевидци во надвозникот удрил гром.

Весникот Repubblica, исто така, пренесува изјава на четирчлено семејство во состојба на шок за тоа дека во 10,35 часот гром го погодил еден од столбовите на вијадуктот, по што цементот почнал да се распаѓа, но се нведува дека веројатно станува збор за сугестија во барањето причини за можната причина за несреќа.

Како можна причина за уривањето се споменува и попуштање на констукцијата. Истовремено, како што изјави челникот на компанијата „Autostrade per l’Italia“, којашто управува и ги одржува автопатите, урнатиот надвозник не се наоѓал во ризична состојба.

Вијадуктот Моранди е пуштен во сообраќај на 3-ти септември 1967 година по четири години градење, а во 2016 година е реконструиран. Наречен е според проектантот, инженерот Рикардо Моранди, долг е 1.182 метри и низа години е под критики поради својата проблематична конструкција, пишува миланскиот дневен весник Corriere della Sera кој пишува дека се урнал можеби токму поради тоа. Корисниците на социјалните мрежи наведуваат дека конструкцијата повеќепати била ремонтирана и поправана.

Надвозникот кој минува над трговски центри,фабрики, станбени згради, железничката пруга Џенова – Милано и реката Полчевера, и е дел од автопатот А10, беше тема на јавни расправи на инженерите поради големите трошоци за одржувањето кои во еден момент би требало да ги надминат и самите трошоци за неговото градење, поради што некои дури и бараа тој да биде урнат и да се изгради нов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.