Досега вакцинирани се 15.000 граѓани, нема несакани реакции

25

Нема никаква несакана реакција од клиничко значење при вакцинацијата која се спроведува во земјава, а да е пријавена во Агенција за лекови и медицински средства, МАЛМЕД, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Од досега вакцинираните 15.000 граѓани и 500 денеска нема несакани реакции. Одлично оди процесот на вакцинација во салата „Борис Трајковски“. Денеска се вакцинираат дел од здравствените работници и наставничките од прво до трето одделение – рече Филипче.

Првиот случај со тромбоцитна реакција беше регистриран кај 28-годишна девојка неодамна, откако таа во Србија ја примила вакцината на „Астра Зенека“.

Девојката, како што е познато,  добила реакција седум дена по примањето на вакцината. Според лекарите, таа претходно немала други хронични заболувања. Пациентката веднаш беше хоспитализирана и помина во добра здравствена состојба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.