Досега во Украина загинаа 4.132 лица

Билансот на жртвите на судирите во источна Украина достигна 4.132 лица, се наведува во вчера објавениот извештај на Службата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања.

– До 11 ноември најмалку 4.132 лица се убиени (од кои 298 се жртви во уривањето на летот МХ17 на Малезиските авиолинии), а 9.747 се ранети во источна Украина, се посочува во документот.

Во извештајот се додава дека според Службата на Високиот комесар за човекови права и Светската здравствена организација реалната бројка на загинати е значително поголема.