„Доста е, излези за Македонија“ – денеска нов протест на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска од 15 часот до 17 часот продолжува со протести во 10 градови во Република Македонија, под мотото Доста е, Излези за Македонијa.

Од партијата велат дека се протестира против новиот обид за продажба на националните и државни интереси од страна на Зоран Заев и Владо Бучковски.

Во Скопје протестот ќе се одржи на три локации, крстосниците пред Градска болница, ТЦ Мавровка и НИП Нова Македонија.

Протести ќе има и во слдните градови:

-Штип, кај кружен тек Нама,

– Велес, ул. 8ми Септември , центарот на градот кај споменикот Кочо Рацин,

-Кочани, ул. Раде Кратовче, веднаш до градскиот плоштад,

-Прилеп, Градска кафана ( зграда Општина Прилеп), булевар Гоце Делчев со улица Прилепски бранители,

-Струмица, ТЦ Глобал во центарот,

– Кавадарци, раскрсницата кај ООУ Гоце Делчев,

– Охрид, кружниот тек кај Охридска Банка,

– Битола, раскрсниците на ул. Димитар Илиевски Мурато со ул. Никола Тесла кај Гроздот,

– Кичево, раскрсницата кај Атва маркет и маркет Печак на ул. Борис Кидрич.