Доставен Годишниот распоред за работа до судиите на скопскиот Кривичен суд

– При изготвувањето на распоредот се имаа во вид мислењата на судиите од седницата одржана на 17.03.2017 година. Некои од желбите на судиите имаше можност да бидат уважени, а за некои ќе се створи можност во текот на годината, се наведува во денешното соопштение од Судот.

При изготвувањето на распоредот, како што појаснуваат, била земена предвид состојбата со движењето на предметите од сите области, заостатокот во одредени области и потребата од итност во постапувањето по некои видови предмети утврдена со законските рокови.

– Исто така, се имаше во вид и оптовареноста на секој судија поединечно со предмети како и досегашните забелешки и мислења од повисоките судски инстанци во врска со работата на судот, се наведува во соопштението.

Распоредот во писмена форма е доставен до секој судија кој може да достави приговор за неговото распоредување до Врховниот суд на РМ.

Во моментот, како што се додава во соопштението, се применува досегашниот распоред на работа и закажаните судења се одвиваат според тој распоред. Новиот распоред ќе се применува кога ќе стапи во сила, велат од скопскиот Кривичен суд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.