Доставени докази дека Чавков нема имот на Халкидики, ќе следи жалба во Стразбур

Адвокатот на осудениот поранешен директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ)  Митко Чавков, Сашко Дуковски, до судот доставил извод од катастарот на Халкидики, со што се докажува дека неговиот клиент не поседува никаква вила на популарниот грчки полуостров и притоа најави жалба пред Меѓународниот суд за човекови права.

Со него, како што вели Дуковски, се потврдува дека Чавков не поседува „ни вила, ни гулабарник, ни трло“ во Халкидики, што беше една од основите за определување на оваа мерка.

Дуковски е сигурен дека судот ќе ја одбие жалбата на Чавков, но нагласи дека предметот ќе заврши во Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.

Претходно во понеделникот петмина од осудените за настаните во Собранието на 27-ми април, денеска до Апелациониот суд Скопје поднесоа жалба и побараа да им биде укинат притворот, а меѓу нив и Чавков кој доби најголема казна од 18 години.