Лидерот на политичката партија Достоинство и актуелен директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, денеска соопшти дека неговата партија излегува од коалицијата предводена од СДСМ.
„Иницијативите на Достоинство поднесени до Владата и Собранието, со кои нудевме решение на овој апсурден проблем, добиваа постојана поддршка од страна на премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но поради противењето на ДУИ истите не поминаа. Секако дека проблемот со необесштетените воени инвалиди и семејства на загинатите бранители не е единствената причина поради која излегуваме од коалицијата предводена од СДСМ, но поради политичка коректност во овој момент немам намера да навлегувам во понатамошни објаснувања“, пишува, Стојанче Ангелов во објавата на социјалните мрежи.
По вчерашната прес конференција на партијата на Павле Трајанов Демократски Сојуз денеска и Достоинство на Стојанче Ангелов ги образложи одлуките за напуштањето на коалицијата со владеачкото мнозинство пред изборите и приклучувањето кон најголемата опозициска коализија предводена од ВМРО ДПМНЕ. Според Англеов причините за напуштањето на СДСМ лежат главно во неисполнувањето на главните барања на партијата која произлезе како политички репрезент на бранителите од 2001 година. Нивните иицијативи за обештетување на 10-тина воени инвалиди и 15-тина семејства на загинатите бранители иако декларативно имале поддршка од СДСМ сепак заради противењето на ДУИ не поминувале во собранието. Стојаче Ангелов за напуштањето на владечката коалиција тврди дека навремено го известил раководството на СДСМ дури и поднел и оставка како директор на ЦУК.
Со соопштение се огласи и партијата ТМРО на Ванчо Шехтански во кое исто така потврдуваат дека ќе бидат дел од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Сметаат дека треба да се остават суетите во интерес на иднината на Македонскиот народ, а промени се можни само со национално обединување и голема коалиција.
Освен овие партии, во опозицискиот блок се приклучуваат и Социјал демократската унија, Обединета партија за целосна емаципација на Ромите, Македонски концепт, Обединети за Македонија.