Довакцинирањето со „J&J“ ефикасно 85 отсто против тешките форми на зараза со омикрон сојот

Довакцинирањето на вакцината „Johnson&Johnson“ (J&J) е 85 отсто ефикасно во спречувањето на тешките форми на зараза со омикрон варијантата на короанвирусот, според истражувањето спроведено во Јужноафриканската Република каде што овој сој првпат беше идентификуван, се наведува во текстот објавен во четвртокот на мрежната страница medRxiv..

„Ефикасноста на вакцината против хоспитализиации се зголемува по довакцинирањето и достигнува 85 отсто месец или два по дополнителната доза“, се наведува во статијата којашто ги прикажува резултатите од истражувањето.

Истражувањето коешто сѐ уште не ја минало рецензијата го спровело Јужноафриканскиот совет за медицински истражувања (SAMRC) меѓу здравствени работници во периодот меѓу 15-ти ноември и 20-ти декември.

Речиси половина милиони јужноафрикански медицински работници претходно ја примиле вакцината „ J&J“, којашто се дава во една доза, во рамките на клиничките исптражувања и потоа дел од нив ја добиле и дополнителната доза, меѓу шест и девет месеци по првата доза.

Ефикасноста на дополнтиелната доза против омикрон варијантата е утврдена со споредба со група до 68.000 болнички негуватели кои ја примиле дополнителната доза со лицата кои не се вакцинирани. Заштитата од хоспитализации се зголемеола со времето и минала 63 отсто меѓу 0 и 13 денови по довакцинирањето на 85 отсто едне или дава месеца подоцна.

„Овие податоци се важни имајќи ја сѐ поголемата зависност од оваа вакцина во Африка… Ефикасноста на вакцинатга против Covid-19 на лабораторијата на Johnson&Johnson останува силна и стабилна со текот на времето, вклучително и против варијантите омикрон и делта“, се истакнува во објавите на истраживачите и американската лабораторија.

Претходно во декември, едно друго јужноафриканско истражување покажа дека вакцината на американско-германскиот тандем „Pfize/BioNTech“ дава 70-процентна заштите против тешките форми на зараза со омикрон сојот, но со две дози. Резулатаите од ефикасноста на оваа вакцина со три дози сѐ уште не се објавени.

Од „Johnson&Johnson“, исто така, ги соопштија резултатите од друго истражување спреведено врз неколку десетици испитаници, кои прво биле вакцинирани со „Pfizer/BioNTech“, за да ја споредат ефикасноста на „бустер“ дозаа од вакцината на „Johnson&Johnson“ со третата доза од „Pfizer/BioNTech“.

Две седмици по третата доза „Pfizer/BioNTech“ создава повеќе антитела против омикрон отколку „бустерот“ на „J&J“, но четири седмици подоцна антителата по третата доза од „Pfizer/BioNTech“ паѓаат додека оние од „Ј&J“ и натаму растат. Довакцинирањето со вакцинатга со „Johnson&Johnson“, исто така, го зголемува бројот на Т-клетките повеќе отколку од третата доза од вакцианта на „Pfizer/BioNTech“.

Овие резултати се добра вест „Johnson&Johnson“, кои примија тежок удар на почетокот од декември кога САД препорачаат на вакцините на „Pfizer/BioNTech“ и на „Moderna“ да им се даде предност пред вакцината на „Johnson&Johnson“. Американската одлука се заснова на опасноста од тромбоза по вакцинирањето со „Johnson&Johnson“, што предизвика неколку смртни случаи.