Довчерашниот челник на Интерпол во Кина осомничен за поткуп

Веќе поранешниот претседател на Интерпол, Менг Хонгвеј, кој истовремено кој беше и кинески заменик-министер за јавна безбедност, е осомничен за поткуп и други криминални активности, се наведува во соопштението на кинеското министерство за јавна безбедност објавено во понеделникот.

„Членот на Државниот совет на Народна Република Кина, челникот на партискиот комитет на министерството за јавна безбедност, Жао Кечжи во текот на заседанието на партискиот комитет утрото на 8-ми октомври соопшти дека Менг Хонвеј е осомничен за земање мито и извршување други престапи. Проверка за тоа спроведува Државниот надзорен комитет“, се наведува во соопштението.

Партискиот комитет на министерството донел одлука да се формира специјална работна група, којашто ќе спроведе истрага во врска со сомненијата за корупција и за соработниците на досегашниот шеф на меѓународната криминалистичка полиција.

„Со цел целосно да се спроведат барањата на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина ќе биде формирана специјална работна група којапто, во согласност со постапката утврдена со закон, ќе ги истражува осомничените за заедничкото земање поткуп со Менг Хонвеј“, се додва во соопштението.

„Заседанието (на партискиот комитет) побара темелно да се испита случајот на поткуп на Менг Хонвеј. Сомневањата за прекршување на законот нанесоа сериозни штети на партијата и органите на јавната безбедност. Неопходно е да се извлечат сериозни лекции и потребните заклучоци“, се додава во соопштението коешто го цитира агенцијата Xinhua.

Претходно во неделата, во доцните ноќни часови, кинеските власти официјално потврдија дека 64-годишниот Менг Хонвеј, кој во тој момент беше на позицијата директор на Интерпол, и истовремено кинески заменик-министер за јавна безбедност е приведен, една седмица по неговото пристигнување во Кина. Централниот дисциплински комитет на владејачката партија, во кусата изјава лиферувана околу полноќ информираше дека високиот функционер е „осомничен за прекршување на законите“ и оти надлежните органи вршат проверки на неговите активности. Локацијата на која е притворен Менг, како и други детали не се откриваат.

Менг претходно извршуваше неколку високи должности во Кина, меѓу кои и онаа на заменик министер за јавна безбедност, а потоа и заменик-шеф на Државната океанска администрација на Кина. За челник на Интерпол беше именуван во 2016 година. Групите за човекови права во тоа време изразија загриженост дека Пекинг би можел да ја искористи позицијата на Менг во ова тело за прогон на дисидентите во странство.
Западните медиуми пишуваат дека станува збор за исчезнување на висок функионер во Кина, каде што наводно неколку владини челници, магнати па дури и една ѕведа исчезнаа пред повеќе седмици. Се поставува прашањето дали Менг е приведен во рамките на антикорупциската кампања на кинескиот претседател Кси Џинпинг која трае од неговото доаѓање на власт во 2012 година, која има цврста поткреп во партијата на власт и во тамошната јавност.

Претседателот на меѓународната криминалистичка полиција, Менг Хонгвеј, поднесе оставка соопштија во неделата вечерта од Интерпол, откако малку претходно официјален Пекинг објави дека Менг, кој исчезна пред десет дена веднаш откако допатувал во Кина, е осомничен за кршење на законите.
„Денеска, 7-ми ноември, генералниот секретаријат во Лион доби известување за поднесување оставка од г-дин Менг Хонгвеј на должноста претседател на Интерпол. Оставката стапува на сила веднаш“, се истакнува во соопштението.
Според прописите, новиот челник на Интерпол сега ќе биде вишот потпретседател Ким Чон Јанг, кој е претставник на Јужна Кореја. Изборот на новиот шеф ја организацијата ќе се одржи во текот на седницата на 87-та сесија на генералното собрание на Интерпол, коешто ќе се одржи во Обдинетите Арапски Емирати од 18-ти до 21-ви ноември, и ќе има мандат до 2020 година.
Против Менг Хонгвеј „се води истрага бидејќи е осомничен дека го кршел законот“, според соопштението на веб странциата на Централниот комитет на дисциплинската комисија на Кинеската комунистичка партија, задолжена за санкционирање на корупцијата на функционерите.
За 64-годишниот Менг Хонгеј немаше вести од 25-ти септенври, изјави неговата сопруга која во четвртокот вечерта ја известила француската полиција во Лион, каде што е седиштето на организацијата, дека е загрижена поради ислезнувањето на сопругот. Таа во неделата на прес-конференција во Лион изјави дека мисли оти нејзиониот сопруг е „во опасност“.
Тој на 25-ти септември ѝ ја испратил првата порака преку социјални мрежи и ѝ порачал да „чека негова порака“. Потоа стасала и втората порака којашто соржела само еден емотикон за опасна ситуација, изјави Грејс Менг, којашто, како што пренесоа франуските медиуми, првично изјавила во полицијата дека со сопругот немала контакт од 29-ти сепрември.
Во саботата генералниот секретар на Интерпол, Јирген Шток, побара од Кина појаснување за тоа што се случува со претседателот на меѓународната полициска организација. Претходно во петокот кинеските неофицијални медиуми објавија, повикувајќи се на полициски извори, дека Менг е најверојатно е приведен по пристигнувањето во Кина.