Довербата во канцеларот Шолц паднала за 24 отсто за една година

Рејтингот на германскиот канцелар Олаф Шолц паднал за 24 процентни поени во текот на минатата година, на 33 отсто, според истражувањето на јавното мнение Trendbarometer за германските телевизиски канали RTL и N-tv.

Според оваа анкетата покрај големиот пад на рејтингот на канцеларот, значително за 22 процентни поени се намалила и довербата на Германците во сојузната влада.

Исто така, и показателот за Бундестагот (парламентот) се намалил за 13 процентни поени, до 37 отсто, како и за 12 процентни поени е намалена довербата во германскиот претседател Франк-Валтер Штајнамер кој во моментов ужива доверба од 63 отсто од сонародниците.

На преминот од 2022 во 2023 година, довербата во владите на сојузните покраина и тамошните парламенти, како и во градските и општинските администрации се намалила за 9 процентни поени, за секоја од овие институции.

Нешто помал пад на довербата е забележан во однос на Европската унија и политичките партии, чиј рејтинг е намален за по 7 процентни поени.

Истражувањето го спровел институтот за истражувања на пазарот и јавното мнение Forsa по нарачка на RTL во периодот од 15-ти до 22-ри декември 2022 година, а со него биле опфатени 4.003 испитаници.