Довициозо ја скрши клучната коска дваесетина дена пред почетокот на првенството

107

Триесет и четиригодишниот италијански мотоциклист Андреа Довициозо ја скрши клучната коска при пад на мотокрос, три седмици пред почетокот на новата сезона во светското првенство во мотоциклизам.

Довициозо со дозвола на Дукати настапи на Кросодромот Монте Корали во Фаенца, каде во текот на еден пад го повреди рамото. Итно е пренесен во болница во Модена, каде што ќе биде опериран.

Во Дукати се надеваат дека ќе успее да закрепне до почетокот на Мото Гран при првенството, коешто треба да започне на 19-ти јуло во шпански Херез.

Довоциозо вози за Дукати од 2013 година, а минатите три сезона бише вицешампион зад Марк Маркез од тимот на Хонда.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.